КОЛУМНА
БЕЗГРЕШНИТЕ СУПЕРБОГОВИ КОЛЕ И МАРТИН, КОДОШИ И ДРУГИ СИТНИ ЛИГУШИ‏
петок, 03 септември 2010 11:09

 

 

Живееме во време во коеветот се движи  напред со молскавична брзина, степенот на развој на технологиите секојдневно се зголемува, науката постојно вади новитети во технологиите, пазарната конкуренција е безмилосна, постојано се бараат нови енергетски алтернативи. Развиениените земји, имаат државни стратегии за помош на науката, индустриите, напредокот на технологиите и затоа економиите одат напред и стандардот е достоинствен.

СВЕЖАТА МИРИЗБА НА НАПРЕДОКОТ


Освен високиот стандард во одговорните и напредни држави, владеат демократските вредности, државите се грижат за безбедноста и бенефитите на граѓанитете кои во нив живеат. Но, лека полека мирисот на современото, напредното, навиките и придобивките од модерните општества се повеќе се чувствуваат и кај нашите соседи. Насекаде околу нас се чувствува развој. Граѓаните во соседните земји лека полека ги чувтвуваат позитивните резултати на новите врдности. Последиците од долгогодишната транзиција, која кај најголемиот дел комшии и земји на балканот беше тешка, веќе исчезнуваат, се забораваат. Целиот балкан влегува во едно време каде секојдневно се повеќе се работи и зборува за иднината, а болните теми од лошите периоди лека полека се забораваат, се избегнуваат. Демократијата и државотворноста се повеќе и повеќе се присутни околу нас.

СМРДЕАТА НА МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ


Кај нас времето како да застанало... како да сме во времињата на Милошевиќ.
Квазинационализам, нарушување на меѓуетничките односи и довербата за соживот, притисоци врз медиумите, контролирање на информациите, постојано барање на вина во други, етикетирања, дискредитирања за секој што не се согласува со лидерот. Кој размислува само малку поинаку е предавник. Патриоти и предавници... Дојдовме до дереџе да гледаме водење на политика својствена на африкански услови и менталитет, понижувачка за секој достоинствен граѓанин. Постојано бегање од реалнота, непристојни пресови, замајување на јавноста, постојано барајќи вина кај некој друг, но никако да видиме позитивна и конструктивна дебата заснована на цврста и реална основа. Дебата помеѓу партиите, која ќе покаже дека го имаат надминато хендикепот да се служат со ниски удари и да го нарушуваат сопственото достоинство, но пред се - достоинстовото на граѓаните.

Да бевме двеилјади и седма, односно Груевски да беше една година Премиер, партијата ќе имаше право на секој втор прес да се повикува на криминалот на Бранко, и криминалот на СДСМ. Но, веќе станува досадно вртењето на една иста тема. Во петтата година од мандатот срамно е да се повикува на криминал од пред пет години. Требаше повеќе да се работи на дело, да се гради систем, институции и досега темата ќе беше затворена. Под сите етички норми и под сите стандарди на политичко однесување е да се продолжи постојано да се бара вината кај некој друг, за некое друго време, а да бегаме од сегашноста и да не мислиме за иднината - земјава ќе продолжи да тоне како секира во вода. Со овој пристап кон работите веројатно во двеилјади дваессет и петтата година на пресови се уште ќе се чита за криминалите на Бранко.

Колку што паметам, мислам дека пред некоја година, Заев излезе на прес конференција и јавно се извини за сите грешки што ги направил СДСМ. Потенцираше дека за тие грешки си ја платиле цената на избори и така е. За тие грешки платија на сите избори од 2006-та година наваму, ја изгубија и законодавната, а со тоа и извршната власт, ја загубија и локалната власт, го загубија и Претседателското место од својата партија. Значи СДСМ плати и преплати за се што има направено до двеилјади и шеста година со превисоки цени и превисоки камати.

НИКОЛА ГРУЕВСКИ КАКО И АЛКОХОЛОТ - ОДГОВОРОТ НА СИТЕ НАШИ ПРОБЛЕМИ


Груевски е на власт веќе петта година и доколку знаеше или сакаше, можеше да ја затвори темата со криминалните приватизации. Наместо пресови, сега требаше да има пресуди, конфискации... Не е коректно да го плашат народот со враќање на Бранко и единствено алиби за неуспесите да им е тоа. "Сега не е добро, ама ако сте непослуушни Бранко ќе ви се врати, па ќе видите што ќе ви направи..." Ова е прениско ниво, веќе и по градинките и по училиштата не ги плашат децата со такви фори, се применуват многу помодерни методологии на вопитување. Така и во политиката е потребно да се почне со подостоинствени начини на пристап, подемокртски начини на владеење и уредување на државата, создавање на услови за владеење на правото...

Централизмот и методите на управување во партиите се сериозна закана за демократијата. Трошењето на енергија за пропаганда наместо за државотворни политики е штетно. Како може да се развива демократијата, кога  премиерот и лидер на партија, се однесува со партијата и државата како да се негови?

ВМРО-ДПМНЕ е Партија која има одлична идеологија, партија која ми е драга, партија во која и за која потрошив огромен дел од мојата младост и мојот живот. Во ВМРО-ДПМНЕ имам огромен број на драги пријатели, чесни и способни луѓе, искрени луѓе кои од срце ја сакаат Македонија и својот народ. Има луѓе кои од срце работат за Татковината и веруваат во системот - луѓе кои се уште не ја разбрале девизата дека не се работи за Татковината, туку се работи за суети! Огромен дел од членството е неинформирано, смислено се става во заблуда, се пуштаат шпекулации, дезинформации, се црнат луѓе без основа.

ПРОТОЃЕР НА СПАС


Факт е дека по доаѓањето на Мартин Протогер во партијата и по неговото назначување за Генерален Секретар, партијата го зголеми реитингот и освои неколку изборни циклуси... Но, тоа стаса со сметка со новонаметнатиот начин на управување да се расипат односите во партијата. Штетите од неговата политика ќе бидат погубни и за партијата и за Македонија. Вештачки надуениот балон ќе пукне и ќе ја растури партијата, бидејќи е градена на нереални основи. Единството, кое е дел и од името на партијата, веќе е мисловна именка. Луѓето се ценат по сервилност - а се трошат по потреба, се ставаат во употреба во одреден момент кога ќе затреба, за да на крај се оставаат на цедило и бидат фрлени. Кодошењето во партијата за жал стана модерно, па затоа најуспешни и најсакани се кодошите. Се форсираат луѓе кои коментиираат за работата, успесите или неуспесите на други, а не си ја гледааат својата работа, па некои дури и немаат резулати во својата работа. Но затоа пак, имаат сериозни резултати во јуриш системот. Јуриш системот се повеќе зазема сила и луѓето кои го прифаќаат тој систем се подобни. Јуриш ситемот е начин на комуникација со свои сопартијци и граѓани, каде се наметнува витруалната реалност дека се е супер, дека Груевски е најпаметен, најспособен, а дека Мартин Протоѓер е вистински мозок и дека е голема иднина за партијата и за Македонија. Во јуриш системот е најстрого забрането, некој да го каже сопственото мислење, да има поразличен став од ставот на врвот, или пак не дај Боже некој да нападне некој став или изјава на Латас. Строго е забрането да се истакне некој проблем на граѓаните, некој да каже дека работите не функционираат или пак да се осмели да искоментира некоја одлука на Груевски. Во моментот на коментирањето никој ништо нема да му каже, тешко некој да му се спротистави во очи, а многу е веројатно и да биде поддржан. Но, верувајте дека многу бргу, на индиректен начин, ќе ја почувствува моќта на партијата. Секој кој се обидел да искаже свои ставови, мислења, незадоволства и несогласувања со одредени политики, почувствувал како функционира системот. Со овие методи се постигна подвоенст по табори во врвот, и нетрпеливост помеѓу таборите.

СЛУШАЈ ШТО ЧАТИ ОЏАТА - НЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТИ


Не се слуша и не се цени мислењето на никој што размислува барем малку поинаку од Гревски и Протогер, филозфија која е сериозен доказ за недемократските принципи. Се осудуваат и етикетираат луѓе врз база на интриги и на кодошења. Проблемот е што и дел од кодошите се со многу низок коефициент на интелегенција, па кога ќе ги пуштат да обработат некого или да го искодошат, честа појава е да немаат капацитет и да го разберат човекот или пак да немаат поим од материјаата која е тема на разговор и сосема извртено да ја пренесат сотојбата и ставовите на тој човек. На тој начин се дискредитираат, црнат, изолираат, а потоа тивко елиминираат огромен број на луѓе со чесни намери и со искрена цел да помогнат, допринесат за партијата, а од таму и за државата.

Во состојба на тежок централизам, подвоеност по табори помеѓу функционерите, интриги, местенки, спинови и што уште не, се јаде единството, довербата, односите помеѓу првите двесте до триста луѓе во партијата. А тоа се луѓето кои се и срцето и моторот на партијата. Како тие луѓе да се појават на избори? Што да зборуваат пред членството, пред граѓаните кога се во состојба во која и тие самите веќе не веруваат во она што треба да го кажуваат?

Сето ова го пишувам со цел да доловам кој и со какви политики ја води владејачката партија, а од таму и државата. Методите на раководење и водење на политики и со  партија и со држава се слични или исти. Ако се игра валкано на една страна, се игра валкано секаде. Последен производ од партиската кујна, излезе муабетот дека Ване Цветанов пред да ја даде оставката се договорил со СДСМ и затоа ја предал партијата. Какво потценување на интелектот и меморијата на општеството! Не помина ни месец - и оп! - подготвиле веќе и план за дискредитација, надевајќи се дека луѓето заборавиле.

Сакам да потсетам, дека оставката ја дадов поради лицемерната борба против криминалот на Груевски и неговото несакање да се справи со криминалот. Дадов оставка поради бегањето на Владата од градење на силен институционален систем за борба против криминалот во кој не би имало селекција и попуст за никого! Како прв човек на финаниското разузнавање година и два месеци барав прием на 5 минути кај Премиерот за разговор за криминалот во државата - 5 минути кои Премиерот "неуспеа" да ги најде. Не се согласував и сеуште не се согласувам  со политиките на Груевски. Убеден дека ја уништува и партијата и државата почнав да се спротивставувам, да зборувам внатре во партијата. Ете, тоа се причините за кои дадов оставка, а не мизерните и долни муабети дека сум се испазарил. Немам милиони, но имам чист образ и чиста душа, а тоа не можат да ми го земат!

Како човек од партијата, дадов се од себе да направам силна институција која ќе има капацитети да се бори против криминалот. Со резултатите од работењето на таа институција се гордееја и државата и партијата, бидејки тие резултати никој не може да ги оспори. Во специфичната работа која ја работев многу често наидував на раскрсници каде сам морав да носам тешки одлуки, затоа што ниту Министри, ниту Премиер имале интерес да сослушаат, дадат совет или насоки. Фала му на бога што ми давал мудрост да не донесам некоја лоша одлука. Но, преку ова сакам да кажам дека бев фрлен во бришан простор, сам. Ние, тимот од Управата, бевме оставени на цедило да се бориме против тешки облици на криминал, без никаква поддршка, без никаква заштита. Не само што немавме заштита, туку последната година секојдневно имавме проблеми, кои ни ги создаваше Владата. Кога не успеаја да не скршат со сите методи, на крај го искористија извештајот од ДЗР и целата фама со антикорупциска.

Ова се начините и методите со кои владее Груевски. Поликите на црнење и дискредитирање на секој кој е против власта, со цел заборавање на суштината и причините на одреден проблем, забошотување на пропусти се многу ниски методи за делување на една партија која се прикажува и треба да биде модерна демохристијанска десноориентирана партија. И покрај овие ниски и недемократски удари, немам намера да молчам за секоја нивна грешка. Ќе ги напаѓам упорно со цел да се освестат, отрезнат, да се разбудат. Овој сон на Груевски, може да излезе кошмар за сите нас. Бидејќи кога ќе падне, Груевски може повторно да си се пресели во Србија или пак, сега во некоја поегзотична земја, а народот ќе остане тука, без разлика на политичка припадност. Времето ќе покаже кој каде се пазарел, кој е предавник, кој трошејки ја последната надеж на народот, направил долгорочни штети и последици и за идните поколенија.

Господине Груевски, престанете да барате постојано вина во некој друг за вашите неуспеси. Ве молам однесувајте се посериозно, позрело и поодговорно. Ветивте подобар стандард, ветивте поголем степен на демократија, ветивте борба против криминалот, ветивте повеќе инвестиции. Бидете достоинствен и погледнете што се случува околу вас, разбудете се од идиличниот сон и видете што се случува во државава. Не е грев да се признае дека сте се натцениле. Додека светот и соседството одат напред, се развиваат економиите, се подобровуваат условите за живот на граѓаните во сите соседни земји, вие се занимавате со замајување на јавноста, ослонувајки се на кујната на Мартин Протоѓер. Продолжувате со црнење на сите што не се со вас и постојано барање виновници за вашите неуспеси!

Престанете да ја барате вината во Љупчо, бидејки ви забил нож в грб, па во Бранко, па во СДСМ, па во Љубе Бошковси, па во Дејан Гацов, па во Ване Цветанов. Сите ви се виновни, кои ве предале, кои  грешеле за се, ама вие никако! Бидете вистински човек, вистински лидер, вистински христијанин, признајте и вие некоја грешка. Веројатно не знаете дека е грев да се претставувате за безгрешен, бидејки тоа е тешка лага!

Се претставувате за верник, правите пиар и во цркви, а немате доблест да си признаете за грешките, убедени сте дека сте најдобар. Ако не сте имале прилика досега, прочитајте ја Библијата, ако немате време консултирајте се со свештено лице. Треба да сватите дека според христијанките учења само Исус беше безгрешен, и за нас умре на крстот. Со неговата крв  ги откупи нашите долгови и во име на неговата крв ни се опростуваат гревовите кои секојднвно несвесно ги правиме. Сите сме луѓе и грешиме, човечки е некогаш да се згреши и доблесно е понекогаш да си признеме за грешките. Страшно и грешно е да  создавате мит за себе. Обидувајќи се да се претставите за безгрешен, го навредувате Бога, бидејќи само неговиот син Исус беше безгрешен и умре на крстот за нас, за нашите гревови!

Ване Цветанов

Последно ажурирано сабота, 04 септември 2010 01:11
 
ЗА ЉУБОВ НА ВИСТИНАТА
среда, 01 септември 2010 23:33

 

 

Секој од нас во својот живот има направено грешки. Секој од нас има нешто од што се срами. Тоа е вистината. Никој не е безгрешен или совршен. Ретки се оние кои немаат за што да се покајат, кои успеале во секој обид или пак се комплетно среќни со своите постигнувања и одлуки во животот. Тоа е вистината. Вистината е таква каква што е. Таа не носи шминка; не се менува за било која пригода; не е илузија; не е поголема или помала; или постара или помлада; или погрда или поубава од тоа што е. Тоа е вистината. Таа нема предрасуди, пристрасности или мислења. Колку и да е грда од неа нема ништо поубаво. Од неа може да се бега, но не може да се избега - таа е безмилосен и неуморен ловец и најжесток противник. Тоа е вистината.

[Image: mosesHeston2703_468x611.jpg]



Оние кои бегаат од вистината стануваат душевно гонети како глушец од мачка. Се мачат како грешни Ѓаволи низ ноќните мори. Немаат мир во душата, срцето, главата и животот и заради тоа - како човек заглавен во жив песок кој со секој обид да се извлече се' повеќе тоне - влечат се' повеќе и повеќе погубни потези коишто вистината ја прават се' погрда, потешка за прифаќање и во противник се' поопасен за соочување. Од вистината човек може да бега, но не може да избега, единствено човек може само да се соочи со неа, да ја прифати и да се обиде да го исправи она што е згрешено.

МОЈСИЕ, ТВОЈСИЕ, НЕ ЗНАМ ЧИЈ СИ Е
 


Вистината е очигледен миленик на Господ, зашто од Десетте Божји Заповеди, дури шест се тесно поврзани со вистината.
Првите два Заповеди: "Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освен Мене" и "Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи." се очигледно околу вистината за кој е Господ Бог. Низ времињата минати, од време на време се појавувале секакви хокштаплери кои се обидувале да ја забошотат оваа вистина.

Во подалнечното минато тоа биле царевите, фараоните, лажните пророци и вражарите, а во најскорешни времиња тоа беа и сеуште се комунистите. Од Маркс и Енгелс до Ленин и Стаљин, од Тито и Кардељ до Киро и Љубчо, од Андов и Гошев до Бранко и Љубе, од Доста и Змејко до Орка и газда Трифун, од Ѕинго и Филип до Грујо и Протуѓер. Oвие клошари cите до еден се воздигнаа на надчовечки статус третирајќи го народот како стока и притоа и самите почнаа да веруваат во својата лага - дека се над народот, над законот, па дури и над Бога, а во тоа секако им помогна рајата која послушно им се поклони и стана соучесник во лагата.

РЕПУБЛИКА ПИНОКИО


[Image: Kiro_Gligorov.jpg]

Следниот Заповед: "Не сведочи лажно против својот ближен" е и најочигледниот Божји Закон кој е поврзан со вистината и јасно зборува дека треба да се држиме подалеку од лагата - оти таа е алатка на Лукавиот. Лажејќи, ја раскинуваме врската со Бога, а правиме договор со Ѓаволот, од што следат непожелни последици. За жал, овој Заповед во Македонија се крши сто пати на секоја секунда. Дали зборуваме за комунистичко-контролираните медуими кои секојдневно ја извртуваат вистината, манипулитраат со информациите кои ги презентираат; лигавите кодоши кои за своја лична добивка дробат секакви лаги во чорбите што ги готви полициско-политичкото подземје; интелектуалците и академците со од чавки испиени мозоци кои ја сочинуваат "официјалната интелигенција на државата" - бранша на луѓе кои упорно го убедуваат народот дека во Југославија течеше мед и млеко и дека едниствениот пат кон поарна иднина е со свиен 'рбет да се откажеме од сето она за што ние и нашите стари сме се бореле или пак надуените политичари кои не' убедуваат дека нивните богатства не се створени на грбот на народот, дека иднината на нашите деца не ја продале за три волшебни зрна грав, скапаните "државници" кои везден не' лажат дека се обидуваат да ја внесат држата во НАТО и ЕУ и дека не можат мирно да спијат дури не ја решат невработеноста, загаденоста, криминалната приватизација, селективната денационализација и организираниот крминал и секако дека името не го даваат - лага до лага, грев до грев.

Сега оваа "златна" гарда на лажни идоли, самопрогласени богови и нивните полтрони-пророци го бомбардира народот со нова серија лаги. Велат дека не ни треба НАТО зашто Алијансата се распаѓа. Вртејќи го показалецот кон Бугарија се обидуваат да го убедат народот дека членството во ЕУ не само што е безполезно, туку е и штетно за државата - бидејќи еве, Бугарија е пред колапс. Истите лаги како од времето на Тито, кога секојдневно на "Дневникот" од 19 и 30 часот на народот му се соопштуваше дека секој момент се очекува колапсот на СССР или САД, зависно од тоа кому Маршалот му беше лут таа семдица.

САКАМ КАЖАМ - НЕ ЗНАМ РЕЧАМ
 


 

Вистината е тоа што е, таа не се толкува. А пак, една од омилелите алатки на комуњарите е токму играта на зборови, "двоенговорот". Па, еве на пример овие денови врие дебатата околу името. За спасители се јавуваат оние кои привин го измислија проблемот - СДСМ и нивните лангури. Не е се' како што изгледа, оние кои денеска најмногу скокаат да се "зачува" името - во времето кога името се менуваше беа на другата страна на "црвената линија". Но, да бидем конкретен ќе се задржам на само неколку точки:
Лагите околу "привременоста" на "референцата" БЈРМ.

 

[Image: 400_F_11277287_gAZzcCxpV3rxrPpDaWcKcNvObJujzQ4W.jpg]

Кој знае колку милиони пати е напишано и кажано за лагата дека "привременото име" Бифша Југословенска Република Македонија требаше да стои само два (2) месеци, значи од  почетокот на април до почерокот на јуни 1993 година - но еве, веќе е септември 2010 година, а "привремената референца" сеуште стои. Кој кого лаже? Жалните изговори за државници кои на народот само му ја повторуваат истата лага секојдневно? Или пак народот кој себеси се теши дека не е толку мутав абдал, па вели "Така е друже! Името е само ПРИВРЕМЕНО променето!" По се' изгледа Македонскиот народ ќе е здружено најверниот следбеник на Ајнштајновата Теорија на Релативност или пак е заболен од Српската болест на колективно бунило, зашто иако веќе петнаесет години - без никакви прекини - државата која се наоѓа на југ од Србија и Косово, на запад од Бугарија, на север од Грција и на исток од Албанија членува во ООН, ФИФА, ФИБА, УХФ, УЕФА, ЕХФ, ИОК и неброени други организации и на скоро секој глобус и секоја светска карта се ословува под "референцата" Поранешна Југословенска Република Македонија, народот тоа сеуште го толкува како привременост. Релативно на што е оваа седумнаесет годнишна - без прекини и без крај на доглед - постојаност привремена?

Обожавателите на "двоеговор" милуваат појтојано да не' потсетуваат и исправуваат дека БЈРМ е само "референца". Но, што значи зборот "референца"? Самиот збор е недомороден на Македонскиот јазик. Како некаков хибрид збор, грубо преведен од Англискиот јазик, значењето, во контекстот на Времената Спогодба, му е "ословување". Е сега, кога некој некого "ословува", тогаш тоа е заради квалитатвни причини, тоест, на пример го нарекува голем или мал, умен или глупав, постоечки или поранешен, господине или држе, земјин или вонселенски, американски или руски, тато или сине, македонски или југословенски или пак го ословува, тоест то нарекува, тоест го вика од именувачки причини. Имајќи в предвид дека ова "ословување" е активно веќе
седумнаесет години, секој последователен ден, дека безброј договори се склучуваат под ова "ословување", квалификациската вредност на ословувањето преминува во именувачка. Па затоа, оние кои се чукаат во градите дека "името не го даваат" треба да се искажат за кое име зборуваат, оти оваа држава светот се' повеќе и повеќе ја знае како Бифша Југословенска Ребублика Македонија, со вентилатор на знамето. Оти, тоа е вистината.

ДА МУ УМРЕ КОЗАТА НА КОМШИЈАТА
 


Понатаму, Господ вели: "не кради" и "не пожелувај ништо што е туѓo". Многу е јасна пораката која Господ ја упатува до нас, неговите чеда - да се соочиме со вистината и да не тежнееме по она што не сме го заслужиле, заработиле или она за кое не сме се избориле. Во контекст на ова, можеме да зборуваме за сомнителната антиквизација и полувистините, како и комплетните приказни од мечтата на Паско Кузман. Тука можеме да зборуваме и за изговорите дека отсуството на Македонија од ЕУ, НАТО и слично е заради тоа што сите ни се плашат и не мразат оти ние сме најумниот и прв народ на светот. Секако, не ќе е на одмет да се спомене и своевременото трвдење на Слободан Богоевски, поранешниот шеф на полициското подземје, дека Исус Христос, синот Божји, бил всушност никој друг освен Ристе од Долнодупени, два-триеста генерација Македонци од војската на Ацко Македончето. Да не беа овие гревови толку судбоносно страшни ќе беа хистерично смешни.

[Image: quicksand.jpg]

Како што веќе имам напишано во некоја моја мината статија, секоја интеракција помеѓу две или повеќе личности или странки е доброволен договор помеѓу нив. Па затоа Господ закони: "Не прави прељуба". Освен очигледната прељуба која се однесува на љубвни врски, овој Божји Заповед е јасен показател колку Господ општо ја цени институцијата на скучени договори. Договорот е светост, бидејќи се склучува врз основ на честа на учесниците. А честа е она по кое Господ не вреднува нас. Она што е во договорот е вистината. Од тоа може да се бега, но неможе да се избега. За да се прекине било кој договор треба да се има валидна основа, инаку тој останува на сила се додека не истече - а тоа можеби е никогаш.

Македонците живеат под лавина од лаги. Како гореопишаниот давеник во жив песок, бегајќи од вистината државата - а со тоа и себеси и своите поколенија - ја копаат се' подлабоко во гробот кој се копа од 1944-та година. Бегаат од вистината како црниот Ѓавол од Крстена вода, а се чудат "зошто светот - НАТО, ЕУ - ги мрази, зошто судбината ги мрази, зошто Господ ги мрази?" Вистината е дека никој не не' мрази - тие едноставно несакаат да имаат работа со нечесни, неорганизирани, мрзеливи гадови кои немаат почит ни кон себе си, ни кон брата си, ни кон Бога си. Со таков ѓавол, тикви не се садат. Судбината, тоест Господ, исто така не не' мрази, туку само чека да се свестиме, да престанеме инаетливо да го отфрламе и да почнеме да живееме под неговата залкрила во неговата слава.

Знам, тешко е. Тешко е да се прифати вистината која е толку неповолна, која бара толку многу работа да се исправат грешките и уште повеќе работа да се остане чесен и чист пред Бога. Но тоа е предизвикот кој е пред нас - ќе се докажеме ли пред себе си, пред светот и пред Господ дека сме силни, дека имаме интегритет, самодоверба, чест, љубов и вера и дека заслужуваме да сме во друштвото со најдобрите или пак ќе си ја продожиме нашата љубовна врска со дното и гнилежот?

Шакале

 

 

 
С П А С И Т Е Л И С А М О Ч И И ????
среда, 01 септември 2010 03:21

 

 

"НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ПРЕГОВАРА ЗА МОЕТО ИМЕ!" -

[Image: campaign.gif]

гласи слоганот на ММДЧП од Канада. Многу убав слоган и што е најважно со патриотски тон. Но, кога ќе се гребне малку подлабоко за да се видат активностите на носителот на идејата, веднаш се доведува во прашање добронамерноста и вистинитоста во наводната загриженост за Македонија и Македонците од страна на носителот на идејата - Македонското Маѓународно Движење за Човекови Права. ММДЧП е комитет за заштита на човековите права на Македонците во светот, основан од Македонски Канаѓани. Тој комитет по името што го носи треба да се грижи за човековите права на Македонците било каде во светот. Но, судејќи по нивната работа, односно по земјите за кои водат случаи, произлегува дека Македонци има само во Албанија, Бугарија и Грција - но Македонци во Република Македонија нема! На таков заклучок не води сознанието дека ММДЧП во овие изминати дваесет години ниту еднаш не реагираше за кршењето на човековите права на Македонците во Република Македонија. А, дал Господ комунистичката власт во Р. Македонија беше и е далеку, далеку по недемократска кон Македонците од властите на Албанија, Бугарија и Грција заедно. За тоа доволно говорат аферите "ДУВЛО", "СИНО ПТИЦА", Правилникот за работа на СДБ 10/92 донесена во октомври 1992 година, со која се овозможува прогон на политички и идеолошки неистомисленици на комунистичката власт во Република Македонија. Правилник врз основ на што се отворени илјадници досиеа.
Прогласот "Никој нема право да преговара за моето име!" наводно го напишале млади, образувани луѓе. Луѓе родени и израснати тука во Канада, луѓе кои треба да знаат што е демократија и како треба да функционира правната и демократска држава, бидејќи од Канада подобар пример како држава на демократијата се сомневам дека има на земјината топка. Тие млади луѓе треба првин да побараат демократизација и декомунизација на Република Македонија. Наспроти тоа, чудна е нивната пасивност кон пораката која беше упатена од Министерот за имиграција на Канада кога на прославата на 50 годишнината на организација Обединети Македонци јавно, јасно и гласно изјави дека Канада секогаш имала разбирање за Македонците кои барале спасение и азил од комунистичкиот режим во Македонија. Да ги потсетам "омладинциве" од Комитетот дека последниот азил од Канадските власти на државјанин на Република Македонија е одобрен во 2005-а година. Во прогласот останаа и без да понудат решение со кое Македонија на легитимен начин ќе ги прекине преговорите. Прекин од кој Македонија ќе поентира и ќе добие нескриени симпатии и подршка од најважните играчи во светската дипломатска политика, прекин на преговори прифатен од САД, Канада и земјите на ЕУ. Ниедна влада од овие држави нема да поддржи неаргументиран прекин на преговорите. Аргументите кои се наведуваат на плакатот на ММДЧП се добро познати и тие на дело не вродија плод. Овој свет тука - САД, Канада, Австралија и ЕУ се ригидни и бараат валидност, а арументите на ММДЧП се невалидни, неважни и неупотребливи како аргументи кои се употребувани до сега во "борбата" за зачувување на името.
Вториот носител на иницијативата за прекин на преговорите е Џорџ Ѓорѓија Атанасовски со неговата партија "МАКЕДЕОНСКА АЛИЈАНСА". И за овој човек како и за ММДЧП нема Македонци во Република Македонија. И тој води грижа само за Македонците во Мала Преспа и во Пиринска Македонија - и тоа строго само за симпатизерите на ОМО. Во неговиот весник "Македонско Сонце", кој излегуваше до скоро, многу тешко ќе се сретнеше статија за кршењето на човековите права на Македонците од Република Македонија, а пак да се сретне натпис за прогонот на симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ беше непоимливо.
Кога кон сево ова ќе се додаде дека весникот не штедеше простор кој му беше отстапуван на Иван Бабановски - Ице Бабан, сега веќе пензиониран професор на Факултетот за Безбедност, познат по својата оданост на Белград која ја докажуваше со безмилосен прогон и физички и психички малтретирања на дејците на ВМРО и Македонската кауза од после војната до денешни денови. На неговата листа на "трофеи" се вбројуваат основачите на ВМРО ПРАВДА : Дане Поповски, Костадин Смичковски, заедно со Ѓорѓи Доцев, Костадин Диневски, Панде Ефтимов, луѓето кои останаа верни до 1990 година на ВМРО ПРАВДА и со основањето на ДПМНЕ да го пренесат континуитетот на ВМРО и да ја створат денешната ВМРО ДПМНЕ. Jас - Јордан Петровски и уште многу други сме трофеи на Бабанот во самостојна и независна Македонија.
Неговите анти-НАТО и анти-Европски ставови преточени во книги беа омилени теми кои ги пренесуваше "Македонско Сонце".

Работите стануваат се појасни кога на овој двоец од Северна Америка ќе му се додаде и Љубомир Цуцуловски - лекторот и менторот во Високото Политичко Училиште во КУМРОВЕЦ и еден од главните промотори на УЈДИ: Удружена ЈУГОСЛОВЕНСКА Демократска Иницијатива. Тој сега прави салто мортале и од осведочен анти-ВМРО-вец застанува како прв бранител на политиката на Груевски - политика на Грујовото српско ВМРО-ДПМНЕ, политика за божемно зачувување на името а всашност политика на стопирање на демократските процеси и изолација на Република Македонија.

Деновиве како круна на походот на лажните спасители на Макеонија е и посетата на лидерот на Обединетата Македонска Дијаспора (организација со која патем нашата Групација на Ветерани Дисиденти нема никакви врски) кој предводи Турски лобисти - советници на Американски конгресмени. Ги води во овој момомент на крената дипломатска тензија помеѓу Турција и најдобриот пријател на САД - Израел. Со тоа покажува дека Македонија ја завзема страната Турција во "битката" за лидерство во регионот. Многу рискантен потег на ОМД, но следејки ги нивните активности не може да се рече дека е од незнаење, туку дека е континуитет на работењето против Македонските интереси.

За да се стане јасно ќе цитирам дел од еден текст на новинарот Цветин Чилиманов кој многу уваво ги отсликува "времето, просторот и причините":

"Ги има барем 25.000. Можеби дури и 40.000. Во секој случај ги има колку еден просечен македонски град, а по број на вработените, дневниот промет и влијанието се една од поголемите индустрии во државава. Секако, зборуваме за кодошите, шпионите, агентите на Службата. Преку ден работат како професори, новинари, пејачки, доктори, академици, фризерки, писатели, цариници, адвокати, службеници, обвинители, судии, боеми, бармени, чистачки... Живеат нормални животи, додека не падне команда. Тогаш, како во филмот во кој Чарлс Бронсон брка хипнотизирани руски агенти распоредени низ САД, некој им се јавува на телефон. Притоа можеби првин им ги чита гореспомнатите стихови на Роберт Фрост, а можеби не губат време на поетски глупости, туку веднаш преоѓаат на работа. Во секој случај, нашиве хипнотизирани кодоши се будат како од сон. Разговорот завршува, а на крајот хипнотизираниот кодош се потсетува дека, што и да направил, неговата работа продолжува, дека останува на линија. Ремембер Трпе, ју хев мајелс ту го бифор ју слип... И, по спуштањето на слушалката, разни нешта се случуваат."

За крај, за и ние - Групацијата на Ветерани Дисиденти да не станеме дел од сценариото ќе ја објасниме единствената законска и прифатлива постапка за ЛЕГИТИМЕН прекин на преговорите по наше видување и истражување.

 

2hciwj5

 
На фотографиите се дел од луѓето кои се членови на ГРУПАЦИЈАТА.  Џорџ  Атанасовски е на фотографијата но не е член на ГРУПАЦИЈАТА на ВЕТЕРАНИ ДИСИДЕНТИ

 

За да ги отрезниме оние што се надеваат дека со преговори ќе се постигне зачувување на името ќе го цитираме делот од Времената Спогодба прифатената и потпишана од тогашната Македонската власт:
"Втората Страна е обврзана да не употребува во меѓународните организации друго ИМЕ освен Поранешна Југословенска Република Македонија, СЕ ДОДЕКА, во СОГЛАСНОСТ со Првата Страна, не одбере прикладно име."
Кога ова ќе се прочита и протолкува сите надежи дека ќе успееме да го сочуваме името со преговори се распрснуваат како меур од сапуница.
Единствено решение по нас е враќање на состојбите со името на ниво на кое беа пред приемот во ООН под референцата ПЈРМ. Референца која требаше да трае само два месеци, но бидејќи поминаа сто и кусур пати по два месеци, ПЈРМ веќе не е референца туку е ИМЕ! Значи за прекинот на преговорите да биде прифатен од САД, ЕУ и останатите држави треба да докажеме дека тие одлуки на Македонските власти биле нелегитимни и против волјата на Македонците.
Од ова полесно нешто нема. Едниствено што треба да сториме како Македонци е да ИЗБЕРЕМЕ МАКЕДОНСКА ВЛАСТ која ќе го стори тоа.
Зошто велиме дека овој потфат е многу лесно изводлив? Заради следново:

Во 1991 Претседателот Киро Глигоров, кој не беше избран на демократски општонародни избри, неуставно одби да и даде мандат на патријата со најголем број на пратеници во Собранието, кои пак, беа избрани од народот на општи парламентарни избори; составот и изборот на првата "експертска" влада беше под ДИКТАТ НА БЕЛГРАД - за тоа има пишани сведочења на директните учесници како Стојан Андов, Петар Гошев и други. Изборот на втората влада е исто така противуставен - а во целата игра се вклучува и Уставниот суд со еден бисер од комунистичко толкување на Уставнит закон и вели дека член 10 е чисто декларативна одредба!

Изборите 1994 година се бојкотирани заради изборните кражби. Па составот на Патрламентот и владата од 1994-1998 е исто така не легитимен. До каде биле подготвени да одат Глигоров, Црвенковски и Андов во нивната цел за зграпчување на власта и спроведување на анти-Македонска политика најубаво зборуваат снајперистите на Скопските покриви, војската во собранието со наполнето оружје на готовс да пука - а предводена од денешниот началник на Генерал Штабот на Република Македонија - Мирослав Стојановски за време на протестниот митинг кој им следуваше на фиксираните Избори '94.
Дека нашите контакти, а со тоа и нашите видувања и сугестии не се само гола ретотика најубаво знае Премиерот Груевски, бидејќи ние сме врската која му ја овозможи минатогодишната официјална посета во Канада.
Групацијата на Ветерани Дисиденти за идните избори во Македонија веќе договори СРЕДБИ со администрациите на неколку држави за ПАРТИЈАТА или пак ГРАЃАНСКО здружение кое ќе ги прифати нашите принципи. Ние нема да учествуваме во власта бидејќи сепак носители на власта треба да се луѓе кои живееле и живеат со секојдневните проблеми. Ние ќе пружаме помош за подобрување на соработката и контактите на Македонија со државите во кои ние живееме.

Групацијата на Ветерани Дисиденти
Јордан Петровски

 

Последно ажурирано среда, 01 септември 2010 10:25
 
ЗОШТО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА КОСОВО ЗА НЕЗАВИСНОСТ ВО 1991 ГОДИНА?
вторник, 31 август 2010 02:28

 

 

Пишува

м-р Јанко БАЧЕВ

 

Во очекување на септемвриското заседание на Генералното собрание (ГС) на Обединетите нации, советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во врска со еднострано прогласената независност на Косово и понатаму предизвикува интерес во домашната и меѓународната јавност. Затоа, во оваа прилика ќе се осврнам на  дилемата околу издржаноста на правното стојалиште на МСП, дотолку повеќе што пишувањето за било кое меѓународно-правно прашање ми претставува посебно задоволство, бидејќи јавноста најповеќе ме препознава преку пишувањата за безбедносни прашања, иако потесна стручна специјалност, односно, моето научно звање е токму од областа на меѓународното право.

 

[Image: 134827.jpg?1280232793]

Познато е дека МСП на 22 јули 2010 година, на барање на ГС на ОН, а по иницијатива на Србија, одговори на прашањето: Дали едностраната декларација за независност на Косово, која на 17 февруари 2008 година ја прогласија привремените институции на покраинската самоуправа во Приштина, е во согласност со меѓународното право? Притоа, претседателот на МСП, јапонскиот судија Хисаши Овада, во име на судот изјави дека косовската декларација за независност не е во спротивност со меѓународното право, односно, дека тоа право не содржи забрана за такви декларации. После судското мислење започна една наменска игра со зборови, во смисла на тоа дека не било добро формулирано прашањето од српска страна, па дека судот го третирал прашањето на косовската декларација како правен инструмент, а не како прашање на право на отцепување и последиците од тој чин... Меѓутоа, мнозинството судии во МСП кои застанаа зад одлуката, се определија мошне прозирно да ја заобиколат својата обврска да дадат јасен одговор во однос на правото на самоопределување на жителите на Косово, иако косовска декларација за независност е донесена од официјални институции и ја отсликува востановената сецесија од страна на една национална група. И, тоа не случајно, бидејќи косовската независност значи кршење на неколку правно втемелени принципи на меѓународното право.

 

ДИСОЛУЦИЈАТА НА СФРЈ

 

Имено, правото на самоопределување е основно јус когенс меѓународно правило, бидејќи ја претставува основата на која народите се формираат како независни држави. Така, преку принципот на еднакви права и самоопределување на народите востановен со Повелбата на ОН и други меѓународни документи, сите народи имаат право слободно да одлучуваат, без надворешно мешање, кој ќе биде нивниот политички статус и да го остваруваат нивниот економски, социјален и културен развој, и секоја држава има должност да го почитува ова право во согласност со правилата на меѓународното право. Откако со завршетокот на процесот на деколонизацијата се чинеше дека е дојдено до своевидна потрошеност на правото на самоопределување, со радикалните промени кон крајот на осумдесетите години на минатиот век и распадот на комунистичките системи, повторно дојде до актуелизирање на ова право во случајот со распаѓањето на трите федерации (СССР, СФРЈ и Чешкословачка).

 

Така, во контекст на косовската независност треба да се спомене дека принцпиот на самоопределување беше особено нагласен и во решавањето на прашањата поврзани со дисолуцијата на СФРЈ. ЕУ, преку тогашна Арбитражана (Бадинтерова) комисија, при дисолуцијата на СФРЈ конструира меѓународна согласност, дека правото на самопределување не може да доведе до промена на границите кај федералните единици, и затоа нивните административни граници кои постојат во моментот на стекнатата независност, стануваат државни според принципот ути поссидетис јурис. Доколку, пак, во рамките на една држава постои една или повеќе конститутивни групи, една или повеќе етнички, верски, јазични заедници, овие групи имаат, во согласност со меѓународното право, право на признавање на нивниот идентитет.

 

Значи, во случајот со СФРЈ, меѓународната заедница во тоа време застана на ставот дека народите во поранешна Југославија кои уживаат конститутивен статус не се малцинства, и, следствено на тоа, имаат право на самоопределување. Впрочем, ЕУ со декларација од 16 декември 1991 ги повика југословенските републики да поднесат барање најкасно до 23 декември, доколку сакаат да добијат меѓународно признание. Во определениот рок, пријава за признавање освен Словенија, Хрватска, БиХ и Македонија, поднесе и Косово, но, косовското барање не беше разгледувано, бидејќи Косово немаше конститутивен статус, односно, не беше република, согласно тогашниот југословенски устав.  А, жителите на покраината Косово ниту во СФРЈ, ниту подоцна во рамките на Србија, никогаш не уживале стаус на конститутивен народ, заради што, внимавајте, ЕУ своевремено одби да им признае право на самоопределување!

 

НИТУ ЕДНА ГРАНИЦА

ВЕЌЕ НЕ Е СИГУРНА

 

Во оваа насока, според осмиот принцип од завршниот акт од Хелсинки, правото на самоопределување се однесува на народите во суверени држави и ова право не се однесува на националните групи, бидејќи тие групи се содржани во седмиот принцип од споменатиот Хелсиншки акт, и во тој смисол не им припаѓа правото на самоопределување, туку малцински права. Оттука, дуплирањето на правото на самоопределување на еден народ (Албанците еднаш веќе го остварија ова право во рамките на Албанија) крие во себе опасен преседан во решавањето на малцинските права и територијалните спорови во светот, а косовската сецесија доведува до тоа повеќе ниту една граница да не е сигурна!

 

Затоа, Светската организација на претстојната септемвриска сесија, во контекст на прогласената косовска независност ќе биде ставена во една невозможна ситуација, да биде сведок на рушење на сите меѓународни принципи и правила  што претходно ги градеа. Во оваа насока, станува јасно дека Србија ќе биде во една тешка мисија да ја помине својата резолуција со која бара сите спорни прашања, вклучувајќи го и одредувањето на статусот на Косово, да се решат во еден преговарачки процес, иако го има неспорното и со ништо неотуѓиво меѓународно правно признато - право на територијален интегритет и политичка независност, забраната на сецесија на дел од територијата на една држава без нејзина согласност и резолуцијата 1244 на СБ, која го гарантира нејзиниот територијален интегритет.

 

Заслужува разјаснување и погрешната перцепција што се создава во јавноста околу постапката за евентуалниот прием на Косово во ОН. Имено, одредени домашни медиуми, повикувајќи се на дипломати кои сакале да останат анонимни, деновиве зачестено информираат дека до септември, кога треба да заседава ГС на ОН, Косово ќе настојува да добие преку 100 признавања (до сега има 69), односно, да обезбеди признавање од најмалку две-третини од државите членки на ОН, со што му се овозможува да побара членство во ОН. Меѓутоа, пропуштаат од вид дека Генералното собрание на ОН, на 22 ноември 1949 година, има побарано советодавно мислење од МСП - дали според правилото 4 (2) од Повелбата на ОН може една држава да се прими во членство на ОН со одлука на Генералното собрание, доколку Советот за безбедност не донел препорака за прием поради немање потребно мнозинство или ако еден постојан член на СБ гласал против резолуцијата со која се препорачува нејзин прием? Притоа, МСП одговорил одречно и воопшто не се двоумел околу ова прашање. Според судот, на одлуката за прием на една држава во ОН мора да претходи препорака од Советот за безбедност и овие две работи - препорака на СБ и одлука на ГС, се неопходни да дојде до нејзин прием во членство во ОН!

 

ВЕТО ОД РУСИЈА И КИНА?!

 

Споменатото советодавно мислење на МСП е побарано од страна на Генералното собрание, бидејќи, приемот на нови членки во ОН доведувал до сериозни несогласувања помеѓу постојаните членки на СБ, речиси уште со стапувањето во сила на Повелбата на ОН на 24 октомври 1945 година. А, поинаку и не можело да биде со оглед на востановениот светски поредок, кој во тој момент почиваше на биполарната структура на моќ во корист на САД и тогашниот СССР. За време на студената војна, поранешниот СССР го спречуваше приемот на некои земји во членство во ОН, притоа не тврдејќи дека тие земји не ги исполнуваат условите за прием, туку го условуваше гласањето за нивниот прием со истовремено примање во членството на неговите сојузнички држави, а на чие зачленување се противело прозападното мнозинство предводено од САД.

 

Значи, со оглед на споменатите услови за прием во ОН - препорака на СБ и одлука на ГС, кои се неопходни,  работите прилично се усложнуваат во напорите на косовските власти да ја заокружат својата државност со приемот во ОН. Доколку Косово поднесе барање за прием во ОН, Советот за безбедност ќе го разгледува таквото барање, но, препораката за прием мора да биде потврдена од најмалку девет од 15-те членки на СБ, под услов ниедна од петте постојани членки на ОН да не се противи на приемот на Косово. Е, сега,  со оглед на тоа што Русија е постојана членка на СБ со право на вето, и јасен подржувач на територијалниот интегритет на Србија во смисла на резолуцијата 1244, тогаш, Косово, колку и да обезбеди признавања, повторно би останал надвор од светската организација, доколку, се разбира, Русија остане доследна на својот став. Патем, и Кина како постојана членка на СБ со право на вето, е со став налик на оној на Русија. Од друга страна, во една претпоставена ситуација, Косово дури и да стане членка на ОН, тоа не значи дека по автоматизам е призната од сите членки на светската организација, бидејќи не постои правило во Повелбата на ОН или изградено меѓународно обичајно право, кое бара, држава-членка на ОН која не врши индивидуално признавање, да го направи тоа и да влезе во билатерални односи со државата при нејзиниот прием во членство во ОН!

 

Значи, во споменатиот маневарски простор, Србија ќе се бори да го зачува Косово, а Косово, пак, ќе се стреми да стане членка на ОН и на тој начин најсилно да ја докаже својата државност, бидејќи, според некои автори од областа на меѓународното право, приемот во светскиот дипломатски и политички центар - ОН, претставува всушност и т.н. колективно признавање.

 

МСП, преку своето советодавно мислење за косовската независност, се обиде во една завиена форма да го прикрие одбегнувањето да се произнесе за сецецијата на Косово, притоа задржувајќи се само на декларацијата како правен инструмент. Патем да споменам дека МСП, како еден од шестте главни органи на ОН, според неговиот статут е составен од петнаесет независни судии, личности со високи морални особини, кои ги имаат кфалификациите потребни во своите земји да заземаат највисоки судски звања, или се признати како правни стручњаци. Истовремено, овие судии не може да вршат никакви политички должности, ниту може да вршат некое друго занимање од професионална природа!

 

ПРАВО ИЛИ МОРАЛ?

 

Верувам дека ви звучи премногу познато, бидејќи, на пример, и македонските уставни судии се избираат од редот на истакнати правници и не можат да вршат политички должности, но, според нивните одлуки, не секогаш оставаат впечаток дека се политички непристрасни и истакнати познавачи на правото.

 

Инаку, од разбирливи причини, владеачките претставници од редот на Македонците не беа премногу волни да го коментираат советодавното мислење на МСП. Од друга страна, домашната експертска и политичка јавност со различни толкувања во однос на споменатото судско мислење. За едни советодавното мислење на МСП е праведно, а за други тоа претставува политичка одлука донесена под влијание на моќни држави на светската сцена што ја подржуваат независноста на Косово. Меѓутоа, како и да е, и кај едните и кај другите се се сведува само на вербални квалификации, без притоа да и се понуди на јавноста некое подетално правно образложение во однос на суштинското прашање - дали жителите на Косово кои уживаа статус на национална група во рамките на Србија имаат право на самоопределување според меѓународното право?

 

Да не бидам погрешно разбран, мојот приказ на косовската независност го темелам исклучиво на принципите и начелата на меѓународното право, иако сум длабоко свесен дека не постои јасна динстинкција помеѓу политичките и правните прашања на меѓународната сцена. Впрочем, меѓународната практика изобилува со примери кога една држава доколку ја губи правната битка, веднаш прашањето го префла на политички терен, со формулацијата дека тоа прашање задира во нејзината национална сигурност!

 

Меѓутоа, било како било, ако се знае дека едно од најсложените прашања во доктрината на меѓународното право претставува токму прашањето околу правната природа на меѓународното право, односно, дали е, навистина, право или морал, советодавното мислење на МСП е во прилог на уверувањето дека меѓународното право повеќе се сведува на морал на државите или право по избор, со што му се оспорува неговото правно постоење. Сведоци сме дека задолжителното меѓународно право пропишано со Повелбата на ОН станува необврзувачко. Според логиката на правото и суверената еднаквост на државите членки на ОН, Србија требаше да го сочува својот територијален интегритет, но, според логиката на моќта, Косово се стекна со независност.  Затоа, еднострано прогласената независност на Косово не го задоволува меѓународното право!

 

Авторот е Претседател на Народно движење за Македонија

 
ЦРВЕНАТА БУРЖОАЗИЈА (Прв дел)
недела, 29 август 2010 22:52

 

 

Го пуштија шутракот на власт во 1998-ма, откако преку странски канали го компромитираа уште претходно, со базичен договор: Не не чепкај нас, а ти кради колку што можеш. Деал? Деал, море, и тоа како! Во 2002-та сега пак тој и' порача на Црвената Буржоазија: Ќе ве оставам без проблем да се вратите на власт, само мене да не ме чепкате. Деал? Деал, бе! Како инаку да се објасни фактот дека на партијата на власт, изборен фалсификат и направи опозицијата?

[Image: 26_06_09A.jpg]



Тоа беше голем и сеопфатен план, заговор. При крајот на социјализмот, кога веќе беше извесно дека едноумието ќе оди по ѓаволите, македонската владеачка каста, задскриена зад маската на работничката класа, реши да се преструктуира и да се подготви за новите времиња. Тоа не значеше само да се преживее, со оглед на искуствата кои се случуваа во другите комунистички земји, туку и да се остане на власт.

Таканаречената Црвена Буржоазија од доцниот социјализм нема автентични граѓански „происход“. Има селско-работнички корени, што секако не е грев (синтагмата „чесно работничко и земјоделско семејство“ како услов за напредок во кариерата), подобни за комуњарските планови за создавање каста на второстепени и третостепени управувачи кои слепо ќе извршуваат идеолошки и политички програми, во замена за трошка општествени признанија: функции, привилегии, лажен авторитет и лажна реалност. Ќе згрешиме ако не кажеме дека имаше многу честити луѓе, чисти комунисти, не комуњари.
Денешните нивни потомци се срамат од тоа потекло. Со презир и цинизам се однесуваат кон се' што е од провинција или од село (нивните предци речиси насила беа довлечкани во Скопје и насила ги направија граѓани, барем на површината).

 

[Image: 14_12.jpg]

Тоа е нивната подсвесна надкомпензација, бидејќи добро знаат дека во нивните правливи дамнешни семејни фото-албуми стојат сликите на нивните дедовци и татковци, со опинци и учкури, вџашено загледани во неодредените, сега веќе сосема извесни хоризонти на македонската иднина. Што ти е животот, море. Кој би рекол?
Првата опција на Црвената Буржоазија беше да се зачува Југославија, та здушно се впрегнаа во таа насока. Слепо се закачија за Милошевиќ, во првите фази на распадот. Потоа, видоа дека таа работа не ја бива, па решија да се престројат за неминовното – за демократијата и плурализмот, но препредени, за секој случај држеа две опции/фракции: една радикално пројугословенска, предводена од Милан Панчевски, и една релативно промакедонска, предводена од Петар Гошев.
Држеа и трета опција во игра, најкоњуктурната, која во сите можни сценарија требаше да го зграби капиталот, народните пари – опцијата што подоцна економски и политички ќе ја погуби Македонија низ годините на транзицијата.
Тука во игра влегува џокерот. Во натамошната пародија на демократија и плурализам, им требаше навидум целосно нова и независна политичка партија, наводен лут противник, кого ем ќе го толчат и местат во јавноста, ем ќе има привид на жестока борба, ем ќе го контролираат. Им требаше корисен идиот, кому нема да му текне каде лежи зајакот, тоест капиталот и воопшто нема да го спомнува.
Го најдоа во изветените ѓоа-национални заложби на МААК, типче што се шуткаше ваму-таму низ Скопје како шутрак, безнадежно соочен со својата безнадежност, та се обидуваше да привлече одредено внимание (кое во животот хронично му недостигало) ту со вулгарно-порнографска „поезија“, ту со долги коси. Совршен егземплар кој несвесно ќе и служи на Црвената Буржоазија. Млад, неизживеан и глупав провинцијалец со неартикулиран национален идентитет. Ви велам – совршен избор!

[Image: 0.jpg]

Го ставија во скутот на една  сомнителна стара мома со одредени патолошки пориви, но и со разузнувачки потенцијал. Од една страна го подбуцнуваше кон бугарофилија и го опкружуваше со бугарофили, од друга страна свесно се изложуваше во јавноста, за и двајцата, сосе партијата на национално единство, да бидат боксерската вреќа и Баба Рога за народот. Ем националисти да ти биле, ем бугарофили – ај ти види сега.
Сепак, имаше троа изворен несвесен бунт во младиот шутрак, па некако успеа да го привлече народот кој, да имаше сериозна национална опција/партија, уште на првите избори ќе ги збришеше крипто-комунистите од лицето на земјата. Така, Црвената Буржоазија им допушти извесно мнозинство, го довчлечка фосилизираниот комуњарски опортунист од Белград за Претседател и го извозаа шутракот со помош на сомнителната стара мома при формирањето на првата влада, а уште повеќе при нејзиното уривање.
Политичката сцена беше поставена, сега на ред беше грабежот – приватизацијата, де. Како да се изведе, да се пљачкоса, а народот да не се крене на револуција. Трпелива беше Црвената Буржоазија, многу трпелива: лиги им течеа од лакомите муцки, оближувајќи се ги меркаа фабриките, големите стопански системи, контролата над капиталот во државата. Требаше да се изврши првобитната акумулација на капиталот по втор пат од 1945-та наваму - тоест да се легализира грабежот на столетието.
Па, изведоа брилијантна стратегиска операција. При вторите параламентарни избори, од една страна направија неколку големи намерни прекршоци, за да ја иритираат опозицијата и шутракот до мерка што ќе реши да ги бојкотира изборите, да го остави собранието без опозиција, а од друга страна, самиот тој да верува дека повлекол еден од најзначајните политички потези во поновата македонска историја, оти народот ќе се уверел кој е во право, а кој не. Шутракот, инаку, има фикс-идеја дека е најголемиот визионер на сите времиња и невремиња. Греота.
Ебати идиотот! Црвените Буржуи со опинок во подсвеста, во ликот на СДСМ имаа отворени порти кон народното благо. Која еуфорија во нивните редови, човече! Ги впрегнаа потомците на комуњарските џелати да изготват Закон за Приватизација, во која, на површината, нивните директори за бесценетост ги приватизираа фабриките, а зад сцената парите се сливаа кон кастата на црвената буржоазија – неколку стотини семејства во Македонија, организирани според концентрични кругови. Почна организираниот криминал, се зароди олигархијата, македонскиот див капитализам покажа само едно лице – алчност и безмислосност.
Тука некаде, стариот белградски опортунист-претседател, нешто како се побунил оти народот апла гледал што се случува. Море, шетај, старо аро – БУУУМ! Атентат! Преживеа. Но, од тогаш уста не отвори за грабежот. Башка што не' закопа со името.
Видете, потоа на Црвената Буржоазија не и' беше веќе толку до власт. „Приватизацијата“ извршена, џебовите и сметките во странски банки наполнети, па добро, сега може малку и да уживаат и да трошат, ама никој да не ги загрози, во никој случај. Така и го пуштија шутракот со во меѓувреме истрижана коса на власт во 1998-а. Преку странски канали го компромитираа алчникот уште пред да дојде на власт, со базичен договор: Не не чепкај нас, а ти кради колку што можеш. Деал? Деал, море, и тоа како!
И би владавина на ВМРО. Го бушеа како швајцарско сирење. Од ветеното дека ќе ги апси криминалците ни трага ни глас. Му местеа скандали и афери, море џанам и војни, ама шутракот гајле си нема – фрчат куфери полни со пари. Море куќи, станови, море фирми, море донации, море фондации, море балови... (Класичен провинциски комплекс, таа пуста желба да се биде буржоазија. Главна карактеристика на буржоазијата се матно стекнатите пари и безначајното потекло. Надкомпензацијата е да се удри со сета сила кон површно помодарство и невкус. Буржоазијата е изворот на кичот).

[Image: LJUBCO%20so%20sneska%20(Small).jpg]

Кога дојде времето за нови парламентарни избори, 2002-та,  сега пак тој и' порача на Црвената Буржоазија: Ќе ве оставам без проблем да се вратите на власт, само мене да не ме чепкате. Деал? Деал, бе! Како инаку да се објасни фактот дека на партијата на власт, изборен фалсификат и направи опозицијата?! Невидено нешто.
Аферим, бе шутрак-војводо. Пеќи, бујрум. Нека ти се парите, алал да ти се, си можел – си џапал, шетај сега, патувај, гради-кради, влакно нема да ти фали, само ние да си се прибереме на власт и да докрајчиме што има да се докрајчи. Народот е раскаран и поделен, се мразат од дно душа соседи, најдобри пријатели, роднини, море браќа и сестри – доволно за да бидат заслепени  за вистинските проблеми. Омразата раѓа слепило, велат. А македонската омраза кон се и сешто, особено меѓупартиската, е насочена таму за да не експлодира на вистинското место – во гнездата на Црвената Буржоазија и на озаконетите апаши.
Во меѓувреме, со заеднички сили здушно исчистија се' што е автентично Македонско од политичко-општествената сцена. Од една страна проверените методи на комуњарите, а од другата долгите ножеви в грб од страна на дебелата дама и шутракот што мислеше дека е ослободител на Македонија и човек со визија. Денес, на јавната сцена нема ниту еден од автентичните борци за независна Македонија од почетокот на 90-те. Црвената Буржоазија е уште побогата, на се ќе се сложи па и име да се смени, како и шутракот кој сега е шутрак со многу пари (но ни понадвор не смее да оди без телохранител). Вистинските протагонисти на илјадагодишниот сон се аут.
Се' е исчистено.
(За актуелната ситуација со Црвената Буржоазија - во наредната колумна, следниот понеделник.)


Пишува: Константин  Леонов

Последно ажурирано недела, 29 август 2010 23:35
 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Страна 1 од 10