ЗОШТО ЗДРУЖЕНАТА БАНДА ПЛАЌА 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МПМ?
![[Image: OrkaHoldingMPM-1.jpg]](http://i1193.photobucket.com/albums/aa357/jordan524/OrkaHoldingMPM-1.jpg)
Со последната промена во сопственичката структура на Медиа принт Македонија (МПМ), во која германски ВАЦ се отараси од некогашната успешна приказна за нив, во полза на македонскиот номинален купувач Орка Холдинг, кругот на контрола на медиумите се затвора. Тие, како и во најдобрите времиња од комунизмот и натаму се контролирани од една здружена банда со две различни поддружници, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Оперативно со медиумите, исто како и во комунизмот, работите во име на бандата ќе ги водат моќни поединци од УБК (СДБ, УДБ, ОЗНА...), со крајна цел граѓаните да се лишат од „непотребни“ информации за работењето на власта, а со тоа да продолжат да живеат во фејк демократија во која божем имаат политичка понуда и право на избор
пишува Владимир Костовски
Неодамна јавноста беше известена дека германски ВАЦ ја продал својата фирма во Македонија, МПМ, на Орка Холдинг предводена од Орце Камчев. Притоа, во кратката информација беше додадено дека тоа било во согласност со политиката на ВАЦ која уште во 2010 г. решила да се повлече од своите инвестиции во Југоисточна Европа и оти пред продажбата на Орка Холдинг се преговарало и со други купувачи. Со оваа купопродажба и менување на сопственичката структура во македонските медиуми, всушност, повторно се затвора кругот на трансформација на медиумите во Македонија, во кој, божем, тие нешто сѐ трансформираат, а на крај сѐ останува исто како во „среќните времиња“ од комунизмот, кога медиумите беа под контрола на единствената политичка сила—комунистите и нивниот камшик, тајната полиција.
Да потсетиме накратко—како што во Македонија (и во повеќето други бивши социјалистички општества) се изведе лажна трансформација на едноумие во плурализам, така се изведе и трансформацијата на сопственоста на медиумите, односно нивна плурализација. И разбирливо, наместо мноштво од интереси во политиката и во јавноста, на крај резултатот е сосема очекуван. Едноумие во политиката, едноумие во медиумската свера. Тоа што граѓаните на прв поглед имаат мноштво партии и мноштво медиуми на избор, тоа е само привид кој беше и ќе остане планирана цел на некогашните комунисти, денес трансформирани во една здружена бандитска групација со два главни подружници ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Таа состојба се потврдува и ако се погледнат македонските медиуми. Божем едните се за СДСМ, а другите за ВМРО ДПМНЕ, некои нескромно претендираат дека се и независни, а всушност, сите се исти. Во зависност од индивидуалните квалитети на уредничкиот и новинарскиот кадар, можеби некои подобро глумат професионализам и новинарски стандарди, но факт е, дека генерално, ги нема ни едното ни другото, исто како што е факт, дека во ниту еден македонски медиум во моментов не можете да прочитате салам истражувачка сторија или нешто што наликува и доликува на вистинскиот четврт столб на секое демократско општество. Македонските медиуми ниту се сила ниту се власт, туку генерално се перачи на мозок на осиромашените граѓани и една силна и важна полуга на здружената банда во спроведување на нивната цел—вечна власт.
Медиумски мрак како константа!
Ако ја изналазираме само последната година во медиумскиот простор во Македонија, ќе се соочиме со следнива факти. Згаснување на А1 телевизија, долгогодишниот важен играч во медиумската сфера на здружената власт, се должи на суета и кавга меѓу лидерите на двете поддружници, меѓу Н Груевски и Б Црвенковски. Велија Рамковски, човекот кој деценија и половина успешно го ползуваа двата поддружници, човекот кој бесрамно својата империја ја изгради врз криминално работење аминувано и од двата подружници, сега чмае во притвор и со уништена бизнис империја, само затоа што беше глупав и не ја согледа големината на суетата на едниот лидер, исто како што глупаво и наивно поверува во моќта и враќањето на власт на другиот лидер.
По згаснувањето на А1, кое во македонската јавност лажно се протолкува како медиумски мрак–пред сѐ затоа што медиумска светлина и никогаш немало—на телевизискиот пазар настана општа радост од зголемените профити од рекламите, пред сѐ од газдите на Канал 5 и на Сител, стариот Стојменов и Ѕинго. Но, за да не пораснат амбициите на слугите премногу, лидерот на едната подружница пред крајот на минатата и од почетокот на оваа година ги потсети каде им е местото, на тој начин што ѝ дозволи на државната телевизија реклами во прајм тајм и истовремено отвори процес на божемна проверка на кршењето на член 11 од Законот за радиодифузија, со кој се забранува носител на јавна функција или негов близок роднина да поседува медиум.
Оваа лажна проверка, инаку едно од основните барања на ЕУ во претпристапните процеси во врска со медиумите, е наменета за заплашување на децата во сопствените редови и на градење нивна натамошна лојалност. Инаку, се разбира дека ниту актуелниот лидер на власт НГ, ниту оној од божемната опозиција, немаат искрена, ниту каква било друга намера да се ослободат од услугите на Канла 5 или на Сител, ниту пак од услугите на која било друга малку погледана телевизија, како што е Алфа на пример.
Кога со згаснувањето на А1 беше прогласен лажниот медиумски мрак во Македонија и кога преку 150 новинари остана без работа, зашто делумни отпуштања имаше и во други медиуми, здружената банда почувствува дека нешто мора да стори во тој поглед, (оти таквата приказна се прошири и низ светот не само поради крокодилските солзи на дел од платениците во А1, туки и благодарение и на разни миленковци, јанковци, нонковиќи, жоровци и редица други), па решија да ја компензираат состојбата преку печатените медиуми и интернетот.
„Средувањето“ во МПМ
![[Image: Kerim.jpg]](http://i1193.photobucket.com/albums/aa357/jordan524/Kerim.jpg)
![[Image: Kamcev.jpg]](http://i1193.photobucket.com/albums/aa357/jordan524/Kamcev.jpg)
Сега практично под контрола на власта и на фамилијата Камчеви се наоѓаат две третини од тиражите на дневните весници во Македонија, иако ако се погледнат вкупните тиражи на МПМ тоа изгледа бедно, зашто тие едвај достигнуваат 40-тина илјади примероци. Контролата на печатените медиуми на Власта и воопшто на здружената банда им е важна, зашто под контрола им се сите телевизии кои зрачат и политичка програма, а полека, доминацијата ја остваруваат и во сѐ уште неразвиениот кревок интернет сектор. Само на овој начин може да се протолкува интересот на некој си Камчев да вложи толку пари во медиумска свера во која рекламниот колач, да повториме не носи ни оддалеку интересни профити како кај телевизиите.
Пиже со договор од 100 илјади евра, Жоро и компанија на „јаженце“
Запрашан за плановите што ќе прави со медиумите, Камчев, т.е. тие што зборуваат преку него, рече дека сѐ уште било рано, се додека новиот сопственик не биде запишан во Централниот регистер. Но, плановите веќе се исцртуваат и наѕираат уште при првото соопштение. А тоа гласеше отприлика вака: за нов извршен директор се назначува Виктор Доневски, досегашен директор за интерни комуникации во телекомуникацискиот повајдер Оне, Срѓан Керим е назначен за претседател на бордот на директори, Горан Михајловски останува главен уредник на Вест и во наредни четири години, а другите главни уредници, Жоро, Крамарска и девојчето од Теа Модерна остануваат да ја извршуваат функцијата. Што значи ова?
Тоа значи дека Камчев и Керим, т.е. тие што зборуваат преку нив, си нашле ново дете за да потпишува сѐ што сакаат, се мисли на финансии, дека Михајловски, кој нели секогаш има нешто да каже „против“ Власта, си се испазари за нов четиригодишен договор од преку 100 илјади евра, плус други бенефиции (за кои на времето зборуваше краткотрајниот директор на МПМ Горан Гаврилов во неговото интервју за Фокус) и дека Жоро и уредничката на Утрински се оставени на кусо јаженце, како опомена да извршуваат сѐ што ќе им се нареди, оти во секој момент може да бидат сменети. Покрај тоа, сѐ уште е актуелно затворањето на печатеното издание на Утрински весник и негово сведување само на интернет издание (иако тиражот, фрапантно, но почна да му расте), по што новиот инвеститор ќе заштеди на околу 40-тина плати за вработените, како и нови протерувања или самоотпуштања од весниците на сите оние кои не можат да се согласат да мислат со туѓа глава. Од Дневник веќе се отпуштени десетина новинари и уредници, а се најавува сличен процес и во печатницата и во администрацијата.
ТВ - мрак, весници - как, интернет - бљак
Ако сега, со новата трансформација ја погледнеме вкупната слика во медиумскиот простор во Македонија ќе ја видиме следнава глобална слика. Во печатениот дел, кај дневните весници и неделниците, здружената банда и нејзината моментална подружница на власт имаат целосна или речиси целосна контрола. Преку Камчев, кому црвената лента на „Систина“ му ја сечеше Керим, а тука во близина беше и С Мијалков, ги контролираат Дневник, Утрински и Вест, преку Латас, Вечер, преку Минчо Ј, Нова Македонија, а преку Никола Младенов, секогаш божем опозиционер на секоја власт, а всушност секогаш подготвен да соработува со истата власт само ако му ја погодат цената и ако не му го чепнат минатото, го контролираат и новиот божем опозициски весник, дневниот Фокус.
Патем, колку е опозициски се виде и преку единствената, нешто налик истражувачка сторија со плагијатот на докторатот на Керим, кога после четири продолженија всушност се покажа дека текстот е со цел да го испере Керима! Оти, на крај весникот де факто заклучи дека неговиот докторат, иако е делумен плагијат, сепак е легален и признат! Впрочем, што може и друго да се очекува од Никола, другарче на Керим, а преку него и на сите оние кои стојат зад Керима, како Камчевци на пример и нивната семејна пријателка Ј Костова?
Кај телевизискиот медиумски пазар, исто така, се гледа целосна или речиси целосна контрола од страна на здружената банда на власт, т.е нејзината актуелна подружница ВМРО ДПМНЕ. МРТВ, Канал 5, Сител се целосно контролирани, речиси целосно е и Алфа и делумно Телма. Останува за уметнички дојам продорот што го направи другата подружница СДСМ во новата телевизија 24 Вести и толку. Сите овие се контролирани од здружената банда поодамна и преку перењето пари и преку владините реклами и преку црните петна што ги имаат нивните сопственици и како кодоши во некој случај, а најмногу преку петната во бизнис сферата.
Останува интернетот, т.е. новите медиуми како популарно се нарекуваат. Но и тука работите не се ништо подобри. Освен интернет сајтовите на дневните весници, кои се копија на уредувачката политика во печатените изданија, тука од информативните сајтови остануваат уште новиот портал на Бранко Геровски, Плус Инфо и најновиот, појавен неодамна, МКД.Мк на некогаш надежниот новинар Александар Дамовски, познат од лани, полани и како САДАМ.
И двајцата се некогашни другари и основачи на Дневник. Првиот, иако тоа не го признава, е искрен поддржувач на левата подружница на здружената банда—СДСМ, вториов е до коска поддржувач на десната подружница, на ВМРО ДПМНЕ. Некогаш сакал, сега мора! Впрочем, за тоа зборува и финансиската поддршка на нивните проекти. Зад првиот стои Милчин, зад вториов подружницата на власт, што се виде и по првата голема реклама што им дојде на сајтот само два—три дена откако почна да работи—ЕЛЕМ. Но, всушност и двајцата се поддржувачи на здружената банда и нејзиниот камшик, тајната полиција, секој од свои сопствени причини, а конечно и двајцата се такви опортунисти, прагматичари и превртливци—станале со годините, така што од нив ништо значајно и револуционерно во информативната сфера не може да се очекува.
Ако после се ја погледнеме и интернет сферата, како „сајт“ со најголема доверба во информативниот дел можеме да ја сметаме мрежата Фејсбук со своите околу 900 илјади корисници во Македонија, оти таму дефинитивно ќе најдете и покорисни информации и подобри фотографии за сѐ и сешто и секого, отколку на кој било друг интернет медиум.
Лаги, лицемерие, слугување и незнаење
После сѐ, не е за чудење зошто македонските граѓани повеќе се занимаваат со прашањето за тв понудата за брак на Александар и на Цаци од Сител, отколку со прашањето каква е спрегата на сите досегашни власти со профитот од енергијата, со увозот на струја, нафта и гас од пола милијарди евра за во 2012, како што најави Владата. Па граѓаните кутри, всушност на тоа се принудени, зашто ем немаат што да прочитаат, ем не се до толку глупави да си дозволат медиумите да ги прават такви со нивните бљувотини од новинарски производи.
Сѐ на сѐ, за добар и квалитетен медиум во Македонија, кој ќе биде репер од стандарди и професионализам за другите медиуми и кој ќе биде вистински контролор на власта, сѐ уште треба да се почека. Во меѓувреме, единствен излез за оние кои сакаат да прочитаат нешто поквалитетно е сами да си истражуваат по интернет, во книжарници или читајќи строго одбрани странски медиуми.
Во моментите кога ќе се заморат од истражување нека ѕирнат некој домашен медиум, онака за забава или да се изнасмеат на огромното количество лаги, лицемерие, берзрбетништво, подопашништво и огромно незнаење!