Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ПРВИ ВО СВЕТОТ ЗА КОДОШЕЊЕ СЕ МАКЕДОНЦИТЕ !!!

 

                 [Image: 84A5112D90D2B041904235D306E86766.jpg]
 
Елена Б. Стојаноска
 
Неодамна читав дека во Македонија ги имало околу 300 до 400 илјади поткажувачи или соработници на тајните служби - ДБК , попознати како кодоши. Ако навистина ги имало во толкав број тогаш слободно може да се констатира дека ние,граѓаните на Република Македонија сме најкодошката нација или пак некој ќе каже „најлојални кон сопствената власт‘‘, за што мислам дека Гинисовата книга ова треба да го забележи во неколку реченици:
1.ПРВИ ВО СВЕТОТ ЗА КОДОШЕЊЕ СЕ МАКЕДОНЦИТЕ.  
Секој петти уствари бил кодош. Бог да чува од ваквото прво место во таа книга!
Но што всушност е оваа лакрдија - лустрација?!
Во принцип и наизглед убава работа,сите кои со своето кодошење успеале да се издигнат до степен на јавни личности,функционери,бизнисмени, политичари, директоришта, менаџери, спортисти итн треба да ги осознае јавноста и таа да донесе суд за нивните постапки.  Ако јавноста каже „Во ред е, грешеле и нека продолжат така‘‘ тогаш во Гинисовата книга нека стои и реченицата: 2. ОВИЕ КОДОШЛОЦИ СЕ ВГРАДЕНИ ВО САМИОТ ОПШТЕСТВЕН СИСТЕМ ВО ДРЖАВАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИСКЛУЧИВО СО АМИН НА НАРОДОТ - ГРАЃАНИТЕ. Но ако народот каже линч за кодошите по сите основи, освен по нивниот живот, тогаш навистина мислам дека Р.Македонија ќе има голем аир од ваквиот амин од граѓаните: конфискација на нивното богатство стекнато со кодошење,и со тоа една правда можеби ќе биде задоволена. Но што со оние кои преку кодошење стекнале магистратурски и докторски дипломи,што со они кои постанаа врвни дипломати,врвни персони во научно-културните, во спортските па дури и во верските институции?! Штетата нанесена од овие кодоши верувале или не нема кантар што може да ја измери. Таа се рамни со КАТАКЛИЗМА.Но кога се знае дека обновата од катаклизмата е временски долготраен и скап процес кој може да трае неколку генерации,тогаш се поставува прашањето: Кој ќе го понесе тој товар за целосно културно, историско И национално преображение или реанимација на она вистинското - исконското?!?
За лакрдијата да биде уште пострашна,се поставува прашањето: Што со неколкуте десетици илјади граѓани на Р.Македонија кои биле под лупата на кодошите,што со нивното минато,сегашност и иднина?!Што со нивните заложби,идеи,потфати? Што со нивните поништени фамилии, раселени низ целиот свет бегајќи пред репресалиите од кодошите?!
Бидејќи го имам на увид полициското досие на мојот татко,слободно можам да кажам дека во истото се е лага и монтировка или народот што милува да кажи, се е кодошење. Всушност и на крајот во решението за дерегистрација од понатамошна ПО (предходна обработка) и самата служба потврдува дека наводите од ПО на кодошите се покажале како неточни,па затоа и лицето - мојот татко,треба да биде дерегистрирано од службите на ДБК. Кој за време во 4 годишото гонење ќе ја превземе одговорноста за неговиот поништен напредок,поништената негова најголема љубов - синдикализамот? Кој ќе ја понесе одговорноста за тогаш едно  10-12годишно дете - ЈАС,на кое секој месец по неколку пати на телефон му се јавува анонимен глас дека мојот татко ќе биде донесен во мртовечки сандак? Кој ќе ја понесе одговорноста што мојата мајка од силниот стрес што го добиавше од упадот на полицијата во Нашиот дом мораше да бара итна помош и да одлежива неколку часа во амбулантна просторија под средства за смирување?! И да не набројувам уште многу трауми низ кои сме поминале,но верувам дека од неколкуте 10ци илијади досиеа во Р.Македонија има Х вакви примери како и Нашиот пример.
Еве затоа јавно се обраќам до предлагачот и донесителот на законот за лустрација: Господа, Вие морате со амандман да најдете место и начин, со закон за какво- такво стимулирање на луѓето кои со ништо не се докажа дека работеле против државата и народот! Разберете, тие биле само жртви на кодошлокот!
Секаков закон без одговорност на кодошите и без законска гаранција за жртвите е само обична лакрдија!