Macedonian Albanian Croatian Dutch English French German Italian Portuguese Russian Spanish

ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ ДО 16.05.1990 НЕ ЗНАЕЛ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ДПМНЕ !!??

Јордан Петровски 20.08.2015

            

Како беше формирана партијата ВМРО-ДПМНЕ

ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ

Со Богдановски, Георгиевски, Змејковски и Транталовски три дена разговаравме за формирањето национална партија

БЕРЛИН - Неодамна во Скопје беше промовирана книгата „Четврта емигрантска Македонија“ на публицистот Ставре Џиков. Овој труд заслужува големо внимание и пофалба за вложениот труд на авторот во истражувањето на богатата активност на македонската емиграција во Европа, Америка и Австралија. Со ова писмо сакам да укажам за неточностите и невистините кои се напишани во поглавјето: „Формирање на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на емиграцијата“.

Авторот и читателите би сакал правилно да ги сфатат моите укажувања. Единствена цел на овие редови, како учесник во удирањето на темелите на ВМРО-ДПМНЕ, е да ја изнесам вистината и да се престане со публикување неточности и искривоколчување на историјата на партијата... Сите актери кои ги удривме темелите на ВМРО-ДПМНЕ се живи, со исклучок на Драган Богдановски.

На страниците 211 и 212 на книгата има податоци кои не соодветствуваат со реалните случувања, со вистината за формирањето на партијата.

Како дојде до формирањето на партијата? Драган Богдановски живееше во Гетеборг, Шведска, а нашите контакти беа постојани. На телефон ми се јави да ме запознае со идејата за формирање партија. Притоа ми рече дека со паѓањето на Берлинскиот ѕид и во Македонија дуваат нови демократски ветрови. Создадени се услови за нашата неколкудецениска политичка борба водена во емиграција за обединување и за демократизација на нашата мила и сакана Македонија, да ја префрлиме во татковината и политички да дејствуваме. Ми предложи заеднички да ја формираме партијата ДПМНЕ. Истакна дека во Македонија има млади луѓе кои ја поддржуваат идејата и се подготвени заедно со нас да учествуваат во нејзината реализација. Доколку се согласувам, да предложам термин и место за одржување на состанокот и да ги удриме темелите на партијата. Откако добро размислив, ја прифатив идејата, му се јавив на Богдановски и му го соопштив мојот став. Средбата требаше да ја одржиме на 26 и 27 мај 1990 година во хотелот на Илија Грнаров во Целе, близу Хановер, Германија. Но, од оправдани причини состанокот го одржувавме во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година.

На 31 мај 1990 година напладне пристигнав во Минхен, во хотелот кој се наоѓаше во близина на Shiller - Str Hauptbahnhof и Mathauser Brau. Тука ме пречекаа Драган Богдановски, Љубчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски. Три дена се дружевме, разговаравме и разменувавме мислења за формирање национална партија. Разговаравме за програмските цели, за формирањето на општинските комитети во сите градови и поголемите села. Заклучивме што поскоро да го одржиме основачкото собрание и да ја регистрираме партијата. Се договоривме за подготовката и за дистрибуцијата на материјалите за основачкото собрание и за другите прашања. Дискутиравме и за тоа дали пред ДПМНЕ да стои префиксот ВМРО. Мое мислење беше дека ВМРО е свето име и не треба да се користи за политички цели. И без префиксот ВМРО, партијата на парламентарните избори ќе постигне голем успех. ДПМНЕ ќе настапи со програма многу поразлична од другите политички конкуренти. „Македонија да биде независна и суверена држава, со сопствена валута, со армија, со самостојна дипломатија, со репрезентација во фудбал, во кошарка, во ракомет и во други спортови. Исто така, ќе се ангажира во реализација на идеалите на Илинден, кои ги негуваше емиграцијата, за ослободување и обединување на трите распарчени дела на Македонија. Сето тоа ќе го оствариме со создавање услови Македонија да биде примена за рамноправна членка на големото семејство на Европската унија и во НАТО.

Шетајќи се низ минхенските улици, Богдановски ме праша дали се согласувам Љубчо Георгиевски да биде претседател на партијата? Му забележав дека е многу млад и дали ќе може успешно да раководи со партијата? Ми одговори: „Млад е, но е многу интелигентен, харизматичен и вистински војвода!“ Го прифатив предлогот. Во Минхен ги удривме темелите на ВМРО-ДПМНЕ. Гостите од Македонија, нашите истомисленции, на 3 јуни 1990 година се вратија назад да ги реализираат обврските што ги презедоа за успешно да се одржи основачкото собрание на партијата. Вечерта (16 јуни 1990 година) спроти одржувањето на Основачкото собрание, во хотелот „Арапска куќа“ („Јадран“) во Скопје, каде што бев сместен, со г. Борче Змејковски се договоривме Јонче Христовски да ја исполни химната „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата...“, во придружба на хармоникашот Зоран Марковски. На г. Змејковски му реков во работното претседателство да бидат и Стево Доневски-Мајката и Ванчо Механџиски, иако не учествуваа во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, а јас повеќе сакам да седам во салата заедно со моите истомисленици од емиграцијата, кои беа дојдени од повеќе западноевропски држави.

(Авторот е учесник во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ)

 

Еве писмо од Драган Богдановски упатено до Гоце , Гоце Македонски е патриотското име на Гојко Јаковлевски а кое фрла малку поинаква светлина на учеството на Гојко во основањето на ДПМНЕ.

[Image: Dragan17jud6bd.jpg]
Писмото е упатено на 17.05.1990 година, и во писмото Драган го информира Гојко дека ја создал ДПМНЕ!! Го информира дека е одржано и ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ во Скопје!! Дека е избран Управен одбор и дека се поднесени документи за регистрација !!??.... и дека се прават локални организации по градовите во Македонија ????


[Image: Dragan17ju988a.jpg]

После известувањаето Драган го повикува Гојко да се приклучи на партијата:



[Image: Dragan17ju4357.jpg]

При крајот на писмото Драган бара финансиска помош, нема збор за средба, нема збор за разговори околу името на партијата ....



[Image: Dragan17ju909e.jpg]

Има неколку прашањаа кои бараат одговор:

1. Зошто Гојко одеднаш станува живо заинтересиран
2. Зошто е одењето во Минхен кога веке преговорите за спојувањето и името на патијата биле завршени
3. Зошто од одењето во Минхен се откажуваат Дане Поповски и Владимир Голубовски

Дали Др. Јанко Бачев во текстов кажува дел од одговорот:


Меѓутоа, она што во меѓусебните препукувања го одбегнаа основачите на ВМРО-ДПМНЕ, секако е фактот дека никој не се осврна на заслугите на македонската тајна полиција за партијата во демократска Македонија. Не треба да се заборави дека уште од самите почетоци, тогашната Служба за државна безбедност (СДБ) била длабоко инволвирана во самото формирање на партијата, а македонската тајна полиција на своевиден начин до денешно време е активна и влијателна во ВМРО-ДПМНЕ. Значи, потребно е во јавноста да се расветлат и овие аспекти поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, дотолку повеќе што тоа и е потребно на самата партија, која е еден од носечките столбови на современата македонска држава. Само така кај ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и сериозна партија ќе се отстранат контроверзите што до ден-денес ги предизвикува историјата на оваа партија, односно, нејзиното основање и улогата на политичка сцена!

Да се навратам на споменатиот собир во Минхен. Имено, веќе од овој прв иницијативен собир за основањето на ВМРО-ДПМНЕ ќе пристигне и првиот извештај во СДБ, бидејќи добредојде во Минхен на иницијаторите за основање на партијата ќе им посака соработник на македонските тајни служби, кој сега е еден од докажувачите за тоа кои се основачите на партијата. Од тој момент, значи, од чинот на создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, македонската УДБА и навистина во буквална смисла на зборот ќе стане вмровска судба. Дополнително, по основачкото собрание на 17 јуни 1990 година и запишувањето на ВМРО-ДПМНЕ во официјалните партиски регистри, СДБ во тоа време најголем дел од својата оперативна работа ја насочи токму кон контрола на оваа партија, бидејќи, т.н. внатрешни непријатели требаше да бидат под целосна контрола. Затоа, не случајно во СДБ најексплоатирана е линијата на работа - македонски екстремизам и врховизам!